Политика за приватност

Последна измена: 13.09.2026

Оваа политика објаснува како Инсиде Кафе ДООЕЛ, ЕДБ 4020010509977, со седиште на Бул. Македонски Просветители л. 12, Охрид (во понатамошниот текст: „Давателот“), ги обработува личните податоци во врска со CRM услугата (во понатамошниот текст: „Услугата“), согласно Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/2020).

1. Во која улога ги обработуваме податоците

2. Кои податоци ги собираме

3. Цели и правен основ

Цел Правен основ
Обезбедување на Услугата и корисничката поддршка исполнување договор
Фактурирање и евиденција на плаќањата исполнување договор и законска обврска
Безбедност, спречување злоупотреба, дневник на најави легитимен интерес
Одговор на барање пробен период преземање мерки на барање на лицето пред склучување договор

Податоците не ги користиме за маркетинг на трети лица и не ги продаваме.

4. Колку долго ги чуваме

5. Кој ги прима податоците

Податоците се чуваат на сервери што ги изнајмуваме од Contabo GmbH, во центар за податоци во Германија (Европска унија). Податоци добиваат само:

Податоците не ги пренесуваме надвор од Европскиот економски простор.

6. Безбедност

Податоците на секој клиент се чуваат во посебна база. Пристапот е заштитен со лозинки и со двофакторска автентикација, врските се шифрирани (HTTPS), лозинките и клучевите се чуваат заштитени, а се прават дневни резервни копии, кои се чуваат и на одделна локација.

7. Колачиња

Користиме само колачиња неопходни за работа на Услугата: за најава (сесија), за заштита од лажни барања (CSRF) и за избраниот јазик. Не користиме колачиња за следење или за реклами.

8. Вашите права

Имате право на пристап до вашите податоци, на исправка, бришење и ограничување на обработката, на преносливост, на приговор и на повлекување на согласноста кога обработката се заснова на согласност. Барањето го испраќате на info@inside.com.mk. Одговараме во рок од 30 дена.

Ако сметате дека обработката не е законита, имате право да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци (www.azlp.mk).

Ако вашите податоци се внесени во CRM на некој од нашите клиенти, барањето упатете го до тој клиент како контролор. Ние ќе му помогнеме да одговори.

9. Измени

Измените на оваа политика ги објавуваме на оваа страница, со датумот на последната измена.

10. Контакт

Инсиде Кафе ДООЕЛ Бул. Македонски Просветители л. 12, Охрид Е-пошта: info@inside.com.mk · Телефон: 046230980 · inside.com.mk